Три лица се избодени со нож за време на новогодишниот настап на Даре Бубамара во хотелот „Мајдан“ во Белград.
Како што јави екипата на Нова.рс од местото на настанот, нападот се случил во тоалетот на хотелот.
Набргу по нападот, настапот бил прекинат, а во хотелот пристигнале голем број полицајци, како и Брза помош.
Од Брзата помош велат дека едно од повредените лица се здобило со тешки повреди.
Засега не е позната состојбата на нападнатите.