Француските власти во неделата го отстранија знамето на Европската унија од париската знаменитост Триумфалната порта, откако десничарите и суверенистите го осудија центристичкиот претседател Емануел Макрон дека со тој потег го „избришал“ францускииот национален индентитет.
Големото знаме на ЕУ, сега е заменето со француската национална тробојка, поставено за да се одбележи француското претседавање со Советот на ЕУ во следните шест месеци. Портата, во чии рамки е и Гробот на незнајниот војник, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеон, исто така, беа осветлени со сината боја на Унијата и жолтите ѕвездички.
Меѓутоа, ривалите на Макрон од десниот спектар со коишто ќе се соочи на претседателските избори во април, потегот го сметаат за навреда на ветераните и националната оставнина.
Прва реагираше во саботата челничката на француската крајна десница Национален собир, Марин Лепен.
„Украсувањето на Триумфалната порта единствено со боите не Европската унија, без националното знаме, навистина претставува напад врз националниот идентитет, бидејќи овој споменик им одава почест на нашите воени победи и во него се наоѓа Гробот на незнајниот војник“, изјави Лепен.
„Претседавање со Европа да, бришењето на францускиот идентите не“, објави на Twitter Валери Пекрес, кандидатката на конзервативците од партијата Републиканци, која во анкетите, исто така, се смета за една од главните кандидати кој во вториот круг ќе се соочи со Макрон.
Го повика да го врати француското знаме порачувајќи дека „Тоа им го должиме на нашите војници кои за него ја пролеаја својата крв“.
Лепен, која во саботата најви дека ќе се жали пред Државниот совет, кој како највисок административен суд е правен советник на француската влада, и ќе побара знамето да биде отстрането, во неделата отстранувањето на знамето на ЕУ го нарече „голема патриотска победа“.
Од друга страна, од кабинетот на Макрон во неделата рекоа дека симнувањето на знамето на ЕУ набрзо пред мугрите во неделата наводно „било планирано“ и дека таму треабало да остане само два дена.