
На отворањето на новата календарска година Хетафе го шокираше водечкиот тим во шпанското фудбалско првенство мадридски Реал во средбата од 19-то пренствено коло.
Решавачкиот гол го постигна Енел Унал веќе во 9 минута од мечот. Последниот превенствен пораз Реал Мадрид го доживеа на почекот од октомври од Еспаљол со 1:2. Потоа врза осум победи и два ремија.
Реал последен пат беше поразен во првиот натпревар на отворањето на годината, на 7-ми јануари 2009 година од Депортиви Ла Коруња со 0:2. Инаку, ова е првата победа на Хетафе против Реал Мадрид во последните 16 меѓусебни средби.
Домашните поведоа на отворањето на мечот откако гостинскиот стопер Еден Милитао непотребно се поигруваше на работ од сопствениот шеснаесетник, Унал му ја одзема топката и погоди за шокирање на „Кралевите“. Ова е веќе шести погодок на 24-годишниот турски напаѓач сезонава.
Реал беше блиску до израмнување веќе во 15 минута кога Лука Модриќ шутираше одлично, но голманот Давид Сорија одлично реагираше. Само минута подоцна Модриќ повторни шутираше, Сорија овојпат беше немоќен но се испречи гредата. До крајот на првиот дел, шанса за израмнување имаше и Тони Крос во 20 минута, но Германецот беше непрецизен.
Во второто полувреме Реал го зголеми притисокот, имаше повее од 70 отсто од поседот на топката, но не успеа да ја пробие одбраната на Хетафе. Најдобрата шанса во овој дел ја имаше Карим Бензема во 68 минута, но можеби сигурен гол со главата спречи Куенка. Во 76 минута одлично шутираше и Каземиро, но Сорија повторно одлично одбрани.
Без разлика на поразот, Реал ќе остане водечки во Примера лигата, но неговите конкуренти може да го искористат овој пораз за да го намалат заостанувањето. Реал води со 46 бодови, Севилја има осум бодови помалку, но и со две натпревара помалку, додека трет е Реал Бетис со 33 бодови и два меча помалку.
Хетафе се искачи на 16-то место со 18 бодови, три бода повеќе од зоната на испаѓање од лигата.