Франција го скусува времето за „бустер“ дозата на четири месеци

Времето за примање на дополнителната ткн „бустер“ дозата од вакцините против Covid-19 ќе се скуси во Франција од 15-ти февруари на најмногу четири месеци, наместо досегашните седум, што ќе биде услов за продолжување на ковид-потврдата, изјави во неделата францускиот министер за здравство, Оливие Веран,

Во моментов на сила е прописот дека од 15-ти јануари ковид-потврдата престанува да важи по седум месеци доколку лицето не ја прими третата доза.

„Од 15-ти февруари е треба да изминат четири а не повеќе седум месеци по втората доза за лицето да се смета за потполно вакцинирано“, истакна министерот Варан во разговорот за неделникот Le Journal de Dimanche.

Потсетува дека „прележувањето (на Covid-19) важи како и доза од вакцината. Тоа значи дека лице кое примило две дози а не е довакцинирано (со третата доза), но неодамна било заразено со вирусот, ги исполнува потребните услови“.