Членови на руската и чешката јуниорска хокејарска репрезентација се исфрлени од летот Калгари до Франкфурт за време на новогодишната ноќ.
Сопатниците рекле дека членовите на рускиот тим пушеле во авионот и одбиле да носат маски.
Полицијата на Калгари во соопштението навела дека аеродромските службеници одговориле на повик за вознемирување на летот на „Ер Канада“ и дека сите патници на летот биле приморани да се симнат, а на руските и чешките тимови не им било дозволено да се вратат во авионот.
„Калгари хералд“ објави дека на финскиот хокејарски тим се вратил во авионот после одложувањето. Менаџерот на чешкиот тим Отакар Черни рекол дека неговиот тим бил симнат од авионот заедно со руските колеги поради сличноста на нивните сиви дуксери.
– Не фрлија во ист ќош како и Русите и ни рекоа дека не смеем да се качиме на авион. Потоа ни се извинија и на нивни трошок организираа хотел и лет за Франкфурт следниот ден – рекол Черни за чешките медиуми.
Патник на летот за Франкфурт рекол дека руското официјално лице кое седело во негова близина пушело во кабината и одбивало да стави маска.
– Пушташе рок музика на својот телефон – рекол патникот.
Извор: Nova.rs
Фото: nypost.com