Преглед Премиер лига: Спектакл на „Стенфорд Бриџ“, победи на Брајтон, Лидс и Бренфорд

Во дербито од 21 колo на англиското фудбалско првенство Челзи и Ливерпул на лондонски „Стенфорд Бирџ“ одиграа 2:2, што го израдува водечкиот Манчестер Сити кој ја зголемува предноста.

Лондонските „Сини“ и луверпулските „Црвени“ понудија одлучна претстава која заврши со четири погодоци и уште многу шанси.

Томас Тухел за дербито од тимот ја изостави белгиската ѕвезда Ромелу Лукаку. Овојпат причината не беа повреда или позитивен тест на коронавирусот, што Лукако ги мина сезонава, туку неговата изјава во јавноста дека „не му се допаѓа ситуацијата каква што е моментално во Челзи“. Домашните беа и без Тимо Вернер , Бенџамин Кјуел.

Проблеми со тимот имаше и Јурген Клоп, кој поради ковид остана без првиот голман Алисон Бекер, како и Роберто Фирмињо и Џоел Матим, а од претходно надовор од составот беа Тиаго Алкантара, Ендрју Робертс, Такуми Минамино…

Самиот дуел започна со „подароци“ од двете страни, по грешките на двете одбрани, но Мохамед Салах и Кристијан Пулишич тоа не го искористија. Во 9 минута следепе нов кикс, овојпат згреши домашниот играч Тревор Чалоба кој главно се обиде да ја врати мирно топката до својот голман, но Садио Мане ја прифати и реализирапе за 1:0. Во 26 минута веќе беше 2:0 за гостите. Трент Александер-Арнолд го проигра Мо Салах кој од десната страна влезе во шенаесетникот, и со итар удар откосо во поблискиот агол го измами домашниот голман.

Во продолжението на првиот дел Ливепрул ја контролирше играта но водството го загуби во последните пет минути. Челзи се врати во игра во 42 минута, откако Маркос Алонсо остро нафрли или шутираше во петерецот на гостите од десната страна Каомин Келехер одбрани боксувајќи на 20 метри каде ја дочека Матео Ковачиќ од прва од полуволеј погодувајќи од го левиот горен кат на гостинскиот гол. Само три минути Челзи израмни преку Кристијан Пулишич кој беше одлично проигран Н’Голо Канте.

Нова голема шанса Ливерпул имаше во 57 минута, но Едуард Менди бравурозно го сопре далуметниот лоб удар на Салах. Две минути подоцна се закани Мане, но Менди повторно беше на место. Во 62 минута имаше шанса и пред гостинскиот гол, но Пулишич од добра позиција биеше директно во голманот.

По ремито во Лондон, распоредот на врвот на табелата останува непроменет, но сега водечкиот Манчестер Сити има 53 бодови, десет бодови пред Челзи, а Ливерпул е трет со бод 42 бода.

Брајтон на „Гудисон Парк“ имаше водсто од 2:0 и 3:1, но во завршницата грчевито ја спасуваше победата против домашниот Евертон, која е шестата оваа сезона и притоа трета на гостински терен.

Гостите одлично влегоа во мечот и по 20 минути имаа водство од 2:0, со головите на Алексис Мекалистер во 3 и Ден Барн во 21 минута. Евертон во 25 минута можеше да намали, но Доминк Калвер-Луин не реализираше пенал погодуваји ја гредата.

Сепак, Ентони Гордон во 53 минута намали на 1:2, но Мекалистер во 71 минута повторно погоди, повторно удвојувајќи го водството сега на 3:1. Гордон со својот втор погодок во 76 минута ги врати надежите на домашните, но Брајтон успеа да се одбрани. Најблиску до израмнување домашните беа повторно преку Гордон кој во 88 минута можеше да оствари „хет-трик“ но шутираше неприцизно.

Гордон, кој има 20 години и 312 денови стана најмладиот играч на Евертон кој на еден натпревар постигнал два погодока откако пред осум години тоа го оствари Ромелу Лукаку кој тогаш имаше 20 години и 194 дена.

Откако 11 кола беа без победа, Брајтон во последните три кола впиша две победи и реми, па сега моментално е на 8-то место со 27 бодови, но е загрозен од Вулвехремптон и Лестер кои имаат два бода но и меч помалку. Евертон, пак, ја продлбочува кризата и во последните 11 кола има само еден триумф, па сега е 15-ти со 19 бодови, но благодарејќи на добриот старт е осум бодови над зоната на испаѓање.

Во дербито на дното Лидс Јунајтед со 3:1 го победи Барнли. За домашните погодија Џек Харисон во 39, Стјуарт Далас во 77 и Даниел Џејмс во втората минута од судиското продолжение на мечот, додеак за гостите кои сезонава впишаа само една победа стрелец бепе Максвел Корнед во 54 минута.

Лидс Јунајтед се оддалечи на 19 бодови и на 16-то место, а Барнли со 11 бодови моментално е 18-ти, позиција од која се игра плеј-оф за опстанок, а два бода помалку од зоната која гарантира уште една сезона во Премиер лигата. Барнли притоа има два заостанати натпревара.

Бренфорд со 2:1 ја совлада Астон Вила. Гостите поведоа во 16 минута преку Дени Ингс, но домашните успеаја до полувремето да израмнат преку Јоан Виса во 42 минута. Пресвртот во полза на Бренфорд го донесе во 83 минута Мадс Роерслев обезбедувајќи значајни три бода.

Со победата Бренфорд со 23 бодови ѝ го презема на Астон Вила 12-то место која е место подолу со бод помалку.