Трамп му изрази поддршка на Орбан во пресрет на изборите

Пораншениот американски претседател Доналд Трамп му изрази во понеделникот поддршка на унгарскиот национално суверенистички ориентиран премиер Виктор Орбан кого оваа година го очекуваат избори на коишто ќе се соочи со здружената опозиција поддржана од неолиберелната струја во Европската унија.

Орбан „навистина ја сака својата земја и сака сигурноста за својот народ“, изјавил Трамп, како што на Twitter пренесе неговиот портпарол.

Опишувајќи го Орбан, поранешниот републикански претседател додал дека тој „одработил моќна и извонредна работа штитејќи ја Унгарија, запирајќи ја илегалната имиграција и создавајќи работни места“.

„Тој е силен водач и сите го почитуваат“, порачал Трамп.

Парламентарните избори во Унгарија се закажани за април, а на нив 58-годишниот Орбан, кој победува од 2010 година, ќе се бори за уште еден мандат. Неколку опозициски партии првпат истакнаа заеднички кандидат кој ќе му се спротистави на изборите.