
Северна Кореја во средата веројатно лансирала налистичка ракета во правецот на Јапонското Море, објавија функционери од Јапонија и Јужна Кореја, но сѐ уште нема офицјална потврда од Пјонгјанг.
Јапонската крајбрежна стража наведува дека ракетата паднале во морето и издаде предупредување до рибарските бродови во областа да внимаваа и да не се приближуваат до нејзините остатоци. Други податоци не се објавени.
Телевизијата NHK извести дека јапонското министерство за одбрана врши проверка дали е причинета некаква штета на јапонските пловила. Во рамките на јапонската влада активиран е и штабот за вонредни состојби кој собира информации за лансирањето.
Јужнокорејската новинска агенција Yonhap, повикувајќи се на Здружениот комитет на началниците на генералштабовите, извести дека станува збор за лансирање на засега неидентификуван проектил.
Ова е првото тестирање на севернокорејско оружје годинава. Претходното беше на 19-ти октомври кога беше тестирана нова балистичка ракета истрелана од подморница во нурната позиција.