Раперот ја убил девојката и себеси пред нејзините деца

Раперот Ј $ Таш наводно убил жената пред нејзините три деца пред да се самоубие со пиштол.

J $ tash, чие вистинско име е Џастин Џозеф, почина во Темпл Сити, Калифорнија во саботата. Имаше 28 години.

Според Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес, полицајците слушнале дојава за семејно насилство околу 7:14 часот наутро на Нова година, а на местото на настанот ги нашле телата на Жанет Галегос и Џозеф.

Раперот се скарал со Галегос и ја однел во главната спална соба, каде што ја заклучил вратата. Нивните тела биле пронајдени во собата.

„Жртвата се здобила со повеќе прострелни рани, додека машката жртва се здобила со очигледна самонанесена прострелна рана“, соопштила полицијата, пренесе „Пипл“.

Полицијата смета дека се работи за убиство и самоубиство.

Три деца на возраст од 5 до 11 години биле пристуни. Децата не се повредени, а по трагичниот настан биле испратени да живеат кај роднините.