Австралија со построги мерки кон Русија

Тони Абот, австрлискот премиер, најави дека ќе воведе построги санкции против Русија бидејќи Москва забранила увоз на храна од западните земји.

Русија вчера воведе забрана за увоз на храна од САД, ЕУ и Австралија, реагирајќи на санкциите на Западот.

Абот оцени дека руската забрана ќе има мало влијание на австралиската економија, која минатата година во Русија извезла производи во висина од 370 милиони долари.

Тоа е околу еден отсто од вкупниот извоз на Австралија, наведува АП.

Абот, од рускиот претседател Владимир Путин, побара да ги повлече своите воени трупи од границата со Украина.

„Русија се однесува како насилник. На Путин му порачувам, ако сака да го сметаат за светски лидер, наместо да се претвори во меѓународен прогонувач, да ја повлече својата војска од Украина. Проблемот во Украина, треба да го решат украинците“, рече Абот.