Блинкен: Нема да има напредок ако Русија држи „пиштол вперен во главата на Украина“

Дипломатски напредок со Русија ќе биде „тежок“ доколку Москва држи „пиштол вперен во главата на Украина“, изајви во средата американкиот државен секретар Ентони Блинкен и на Германија јасно ѝ порача дека мора да се откаже од гасоводот Северен тек 2 при повторното од негова страна тврдење за наводна можна руска агресија врз соседната земја.

„Вистинското прашње е дали Русија е сериозна во дипломатијата. Тешко е да се оствари вистински напредок на сите тие полиња во атмосфера на ескалации и закани, додека на Украина ѝ е вперен пиштол во главата“, изјави Блинкен на прес-конференција во Вашингтон заедно со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, од неолибералните Зелени./

Изјавата на Блинкен доаѓа пред почеток на серијата преговори меѓу Западот и Русија следната семица. Западот ја обвинуваат Русија за наводна подготовка на инвазија врз Украина, а Москва возврати дека САД го поттикнуваат и вооружуваат Киев за воено решение на конфликтот во доминатно руските региони Луганск и Донецк.

Западот, исто така, повеќепати се закани со нови „досега невидени санкции“ против Русија, додека Москва возврати дека ќе мора да преземе соодветни акции за да го спречи натамошното ширење на НАТО кон нејзините граници и обидот на Киев воено да влезе во одметнатите региони.

Американско-руските преговори треба во понеделник да започнат во Женева, два дена подоцна во Брисел е предвиден состаникот на Советот НАТО-Русија, а следува и состанкот во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) каде присуствуваат и САД.

„Одлуката за европската безбедност не може да има без Европа. Најважното е (…) да бидат вклучени партнерите во Еропа“, оцени кусо Бербок.

 

Северен тек 2

„Ништо во врска со Европа нема да биде без Европа. Не сеам дека ќе има целосна координација и консултации, туки и учество (на Европа)“, вети Блинкен возраќајќи.

Американскиот државен секретар воедно оцени, како што пренесуваат западните медиуми – појасно од кога и да е претходно, дека Германија мора да се откаже од гасоводот Северен тек 2 доколку Русија ја нападнела Украина.

„Тешко можеме да прифатиме дека гасот во иднина ќе тече по гасоводот ако Русија повторно ја нападне Украина“, рече Блинкен употребувајќи ја новата фразеологија на американската администрација (повторно), алудирајќи дека внатрешниот конфликт во Украина избувнат во 2014 година по смртоносниот преврат во Киев кој го поддржаа САД и ЕУ е наводно руски напад врз Украина.

Блинкен повтори дека гасоводот САД го сметаат за можно средство за руски притисок врз Европа, и сакат тој да стане средство на ЕУ за притисок врз Москва.

Бербок, која деновиве зазема сличен став кој е спротивен на нејзинито социјалдемократски канцелар Олав Шолц, овојпат во Вашингтон не сакаше да коментира многу, споменувајќи го само американско-германскиот договор потпишан летово во врска со тоа.

Станува збор за договорот кој поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го потпиша со американскиот претседател Џо Бајден при нејзината последна официјална посета на Вашингтон, со кој Германија се обврза да формира и финансира фонд со кој ќе ѝ ги надоместува загубите на Украина од таксите на транзитот на рускиот гас кон Европа.

Гасоводот Северен тек 2, кој беше изграден и покрај американските санкции за кои владата на Меркел кажа дека се обид на САД да го зголемат пласманот на својот течен природен гас (LNG) во Европа, е подготвен за испораки на гасот во Германија и оттаму на континентот. Но Германија ја запре постапката за одобрување на почетокот на фунцкионирањето, барајќи мултинационата компанија оператор со гасоводот „Nord Stream 2“ да го префрли седиштето од Швајцарија во Германија.