Додик ги нападна САД поради санкциите, рече дека ќе бидат виновни ако биде убиен

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиј, изјави во средата вечерта дека американските санкции нема да го одвратат од досегашните политики и однесуваа, а бошњачкиот член на дравниот врв Шефик Џаферовиќ долева масло на огнот повикуајќи ја Европската унија да ги следи САД и да воведе санкции против лидерот на босанските Срби.

Откако беше објавена одлуката на американското министерство за финансии кое за санкциите против Додик и неговиот правен соверник Милан Тегелтија, дека ја загрозувал стабилноста на БиХ и го кршел Дејтонскиот договор, како и поради корупција без да се наведат конкретни примери, во Бања Лука се одржа вобреден состанок на Извршниот одбор на владекачкиот Сојуз на независни социјалдеморкати (СНСД).

Додик потоа на прес-конференција изјави дека САД го обвинуле без никаква докази префрлуваји му на Вашингтон дека директно се меша во внатрешните работи на БиХ, „нескриено поддржувајќи ги муслиманите и опозицијата“ со цел да го дестабилизираат ентитетот Република Српска, којапшто според него е единствениот одржлив дел бидејќи БиХ „секако ќе се распадне“.

„Тие (САД) сакаат на муслиманите да им создадат држава и тоа е проблемот“, рече Додик кој и претходно го обвинуваше Вашингтон дека ги поттикнува бошњачките власти во Сараево да преземаат мерки за укинување на Република Српска и дека тоа е всушност кршење на Дејтонскиот договор за што всушност САД го обвинуваат него.

Додик заклучи дека светот е во хаос и дека САД во таквата ситуација се обиудаат да наметнат свои стандарди кои за него се неприфатливи, а американскиот амбасадор во БиХ, Ерик Нелсон го нарече лажго.

Додик очекува дека Германија ќе ѝ се придружи на американската политика на санкции, но порача дека ниту тоа нема да го спречи да продолжи со досегашната политика која се сведива на тоа на Република Српска да и осигура што повисок степен на самостојност , а во крајниот развој на ситуацијата и да ѝ овозможи отцепување од БиХ.

Додик рече дека санкциите се идентични како и порани, но само нешто е додадено.

„На Американците им пречи што сме стабилна заедница (Република Српска), а не им пречи што Федерацијата БиХ нема Влада и што Хрватите немаат свој избран член на Претседателството. Ова не е одраз на моќ, Ова е чиста фарса да ми се забранува да располагама со сопственост којашто ја немам (во САД). Никогаш таму не сим имал ниту сметка, ниту имам намера да одам во Америка, дури и да ми ги укинат санкциите“, истакна Додик.

Истакна и дека контактирал со српскиот претседател Александар Вучиќ кој му потврдил дека Србија нема да поддржи никакви санкции против Република Српска, како што тоа по барање на Западот во 1990-те го направи Слободан Милошевиќ.

„Мене ми остана само да очекувам да ме убијат, па доколку и тоа се случи сакам да се знае дека тоа го сториле Американциет во соработка со Британците“, изјави Додик.

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, кој инсистира на преземање на клучни ингеренции од Република Српска во сферите на безбедноста, шумарството, земјоделието и даночните политики и префрлање на Федерацијата, на воведувањето на санкциите за Додик реагораше со изјава дка тоа е “јасна порака дека нема да биде толериран политика која води кон уривање на државните институции“ на БиХ.

„Ги охрабрувам и ги повикувам челните на Еропската унија и нашите други меѓународни партнери и пријатели ширум светот, да ја поддржат оваа акција и да ѝ се приклучат. Ако Додик продолжи да работи на уривањето на државата и мирот, санкциите уште од утре треба да бидат проширени и зајакнати, и треба сѐ поостро да целат што поширок круг негови соработници“, изјави Џаферовиќ.

Британскиот амбасадор во БиХ, Метју Фиелд објави на Twitter, сосема очекувани, дека и Лондон ги поддржува санкциите против Додик.

„Дестабилизацијата и корупцијата претставуваат закана за напредокот во изминатите 26 години. Обединетото Кралство ќе продолжи да работи со партнерите на пружањето поддршка на БиХ“, напиша без прецизирање британскиот амбасадор.