Северна Кореја оваа седмица изведуваше тест и лансираше во средата хуперсоничен проектил кој успешно ја погоди целата, а тоа е дел од напорите на земајта да постигне нови воени способности во услови кога преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров тапкаат во место, извести во четвртокот службената северникорејска новинска агенција KCNA.
Северна Кореја во средата лансираше проектил, првпат по 19-ти октомври кога изведе лансирање мов тип балистичка ракета од подморница во нурната позиција, и предизвика остри осуди од САД, Јужна Кореја и Јапонија. Вчерашното тестирање дојде откако Пјонгјанг воопшто не реагираше на повикот на Вашингтон во медиумите на преговори.
За разлика од балистичките прокетили кои летаат во Вселената пред да се вратот на својата остра патека, хиперсоничното оружје лета кон целта на ниски височини и може да постигна брзина пет пати поголема од брзината на звукот, односно 6.200 километри на час. Досега е познато дека Русија и Кина поседуваат вакви проектили, САД се во фазата на почетокот на финалните тестирања но Северна Кореја тврди дека веќе го поседува ова моќно вооружување.
„Последователните успеси во пробните лансирања во сферата на хуперсоничните проектили имаат стратешко значење, бидејќи ја забрзуваат модернизацијата на стратгешките вооружени сили на земјата“, стои во извештајот на KCNA.
Проектилот бил истрелан во морето источното од Корејскиот полусотров, соопшти во средата Здружениот комитет на наалниците на генералштабовите на Јужна Кореја, а Крајбрежната страна на Јапонија извести дека проектилот паднал во акваториумот на Јапонското Море.