САД во средата започнаа со враќањето на мигрантите во мексиканскиот пограничен град Тихуана во рамките на повторното покренување на програмата од минатата администрација со која мигрантите кои побарале азил рочиштето на судот треба да го чекаат во Мексико, објавија мексиканските власти и агенцијата за миграции при Обединетите нации.
САД и Мексико во декември договорија повторно покренување на споменатата програма позната како Протокол за заштита на мигрантите (MPP) што е во согласност со налогот на американскиот сојузен суд.
Американскиот демократски претседател Џо Бајден сакаше да ги промени многу цврстите имиграциски политики кои ги воведе неговиот републикански претходник Доналд Трамп.
Бајден го укина Протоколот за заштита на мигрантите (MPP) набрзо по неговата инаугурација во јануари, како чин на благодарноста за гласовите и хиспаноамериканската популација во САД и велејќи дека сака да го следи она што тој го нарекува „похумани пристап на имиграцијата“. Меѓутоа, сојузниот судија пресуди дека потегот на Бајден не ја следел соодветната процедура и во август наложи враќање на MPP.
Програмата првпат беше продолжена во декември на пограничниот премин кој ги поврзува Ел Пасо во Тескас и мексикански Сиудад Хуарез. Досега во Мексико се вратени повеќе од 200 лица во рамките на повторното функционирање на MPP, според податоците на Меѓународната организација за миграции при ОН (IOM).
Два мигранта се вратени во средата во Тихуана, која е непосредно на границата со Калифорнија, со идни договори на американските судови, изјавил службеник на IOM. Групата која се бори за правата на мигрантите „Al Otro lado“ соопшто дека двајцата мажи се колумбиски државјани.
Ниту американската царинска и гранична служба (CBP), ниту мексиканската агенција за имиграции не одговориле на барањето коментар од агенцијата Reuters.
Агенцијата за бегалци при ОН и други активистички групи го критикуваат повторното покренување на политиката кон имигрантите, предупредувајќи дека овие лица се соочуваат со опасности од грабнувања, силувања и изнуди во опасните мексикански погранични градови.
Според изворната програма за 2019 година, околу 70.000 мигранти коишто барале азил во САД со седмици а понекогаш и години морале да чекаат во Мексико на датумот кој им го дал американски суд, наместо да им биде дозволено да ги чекаат своите сослушвуање во САД.