Ненад Димитријевиќ пак е позитивен на коронавирусот

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ повторно некое време ќе биде надвор од терените, а причината за тоа е позитивен тест на коронавирусот.

Димитријевиќ на последните тестирања бил позитивен  и е заразен со КОВИД-19.

Тој веќе е во изолација, но добро се чувствува. Нено во последно време никако не може да фати ритам затоа што претходно беше повреден за да сега му сеслучи и ова што дефинитивно ќе го поремети во обидот да дојде до посакуваната форма.