Лицето Х.И. во текот на вчерашниот ден во полициската станица Бит-пазар пријавило дека на стадионот Чаир на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје во текот на ноќта (5-6 јануари) непознати сторители насилно влегле и оштетиле столчиња од трибините, врати и инвентар од соблекувалните, а бил запален и оган, информираат од МВР.
Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Засега нема информации дали стадионот на кој настапува фудбалскиот прволигашот Шкупи е позначително оштетен и дали теренот е подготвен за игра.