
Адвокатите на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во документите кои ги приложиле за добивање медицинско изземање од вакцинација за да учествува на Австралија Опен навеле дека најдобриот светски тенисер во декември бил заразен со ковид, пренесува Н1.
„Првиот позитивен ПЦР тест за ковид е датиран на 16 декември 2021 година“, изјавиле неговите адвокати, објави Би-би-си.
Ѓоковиќ три дена е во хотелот за баратели на азил и чека да му се реши статусот откако му беше одбиена визата по пристигнувањето во Мелбурн. Тој допатува во Австралија без примена вакцина, но со потврда дека во последните шест месеци прележал ковид-19. Сепак, тоа не беше доволно да добие медицинско иземање за настап на Австралијан опен.
Тој, неофицијално, останува во имиграциски притвор во хотел во Мелбурн и се очекува да биде сослушан пред сојузниот суд во понеделник.