
Двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години денеска во 10.30 часот во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.
Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем турс“ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон.
Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12.30 часот се безбедно вратени.