Илјадници луѓе протестираа во неделата во белгиската престолнина Брисел протестираа против воведувањето на ковид-потврдијте и епидемиолошките рестрикции поврзани со ширењето на коронавирусот со повиците „Слобода!“.
Демонстрантите, коишто според процените на бриселската полиција ги имало 5.000, во поворка шетале по илиците од Северната железничка станица во Брисел до ткн Европски кварт, на повик на граѓанското движење „Заедно за слобода“ коешто обединува неколку здруженија.
Протестите против воведувањето на ткн здравстени или ковид-потврди, кои се неопходни за влегување во рестораните и на културни настани, се редовни веќе неколку седмици последователно во Брусел.
Иако на претходните протестни собири избувнуваат жестоки судири со полициските сили, неделниот протест мина главно мирно, иако полициските сили во еден момент интервенирала за да растурат група демонстранти која ги гаѓала со „проектили“ недалеку од зградите на институциите на Европската унија, пренесува дописникот на агенцијата AFP.
Триесеттина лица се приведени по протестите, се наведува во соопштението на полицијата, а пред протестите биле уапсени 11 лица поради „поседување пиротехнички средства и запалливи материјали“.
Учеснциите на протестот во Брисел носеле транспаренти со паролите „Не на диктатурата на вакцинирањето!“ и „Не ни ги чепката децата!“, алудирајќи на одлуката на белгиските власти да го одобара вакцинирањето со вакцините против Covid-19 за децата од 5 до 11-годишна возраст.
Белгискиот министер за здравство Франк Вандербрук изјави во неделата за телевизијата RTL дека се залага во сојузниот парламент „што поскоро“ да биде организирана расправа за задолжително вакцинирање и воведување на ковид-потврдите, како и во соседна Франција.
„Мислењата се менуваат. Пред една година зборував дека задолжителното (вакцинирање) не е добра замисла, луѓето треба да бидат уверени. Сега, знаејќи дека навистина треба да бидат векцинирани 100 отсто од населението, што пред една година не беше наш став, мислевем дека 70 отсто е доволно, сепак потребна е одредена генерализација“, рече Вандербрук.
Сепак, белгискиот министер за здравство додаде дека „воопшто не му се допаднале изјавите“ на францускиот претседател Емануел Макрон кој изјави дека сака да ги „изнервира“ и да им го „загорчи животот“ на невакцинираните, оценувајќи дека треба да се „избегнува таквата поларизација.
Белгискиот премиер Александер Де Кро, исто така, се дистанцираше од контроверзните изјави на францускиот претседател, велејќи во разговорот од саботата во дневниот весник Le Soir дека би „требало да биден уверен“ во оправданоста на задолжителното вакцинирање против Covid-19.