
Силен земјотрес и низа последевателни потреси во неделата вечерта беше почувстуван во централниот дел на Македонија, вклучително и Скопје.
Земјотресот беше почувствуван околу 22,45 часот.
Според Европскиот-медитерански центар (EMSC), епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,5 степени бил на 4киломери североисточно од Лерин. Кусо по првиот следеле и уште два послаби потреса од 3,5 и 4,2 степени.
Земјотрес беше регистриран 17 минути пред полноќ по локално време во близина на грчко-македонската граница, известија грчките медиуми. Според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил шест километри северозападно од Лерин.
За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин се регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина