Страшна сцена се случила во Лос Анџелес, најголемиот град во американската сојузна држава, Калифорнија, откако авион се урна врз железничка пруга, а потоа во него удрил воз.
Полицијата во Лос Анџелес го извлекла пилотот од урнатиот авион „Цесна“ неколку секунди пред во него да удри воз, пренесува Ројтерс.
Спасувачката акција е регистрирана и со полициска камера.
Foothill Division Officers displayed heroism and quick action by saving the life of a pilot who made an emergency landing on the railroad tracks at San Fernando Rd. and Osborne St., just before an oncoming train collided with the aircraft. pic.twitter.com/DDxtGGIIMo
— LAPD HQ (@LAPDHQ) January 10, 2022