
Водостојот на поголем дел од реките во земјава е повисок од просекот за јануари и најчесто бележи зголемување во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Повисоко од просечното е и нивото на Дојранското Езеро и тоа за 2,95 метри, додека водостоите на другите две природни езера во земјава се пониски од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Нивото на Охридското Езеро е за еден сантиметар пониско од просечното, а на Преспанското Езеро е пониско за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).