Дваесет ипет дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг, германската атидопинг агенција издаде препорака за своите спортисти да го избегнуваат месото.
„Кога ќе бидете во Кина, избегнувајте да јадете месо, бидејќи би можело да биде контаминирано и можете да бидете позитивни на антидопинг тест“, порачува германската споретстка асоцијација.
Германците стравуваат дека во Кина свињите и кравите се хранат со супстанции кои содржат кленбутерол, анаболичкио стероид кој ја зголемува телесната маса, а оттаму стравот на дека месото од овие животни тогаш би можело да создава проблеми за оние кои ќе бидат подложени на допинг тест.
Не е сигурно дека работите секогаш одат на тој начин во Кина, тврди германската антидопинг агенција, но кога се наоѓаат во дилема подобро е да одбегнувате. За алтернативите за месните производи ќе се разговара со нутриционистите, тврдат Германците.