Горат бараки кај Градскиот стадион (ФОТО+ВИДЕО)

Голем пожар вечерва избувна кај Градскиот стадион. Горат баракитe во близина на стадионот, кои се наоѓаат близу детското игралиште кај ресторанот Томче Софка.

Пред неколку месеци пожар изби во старите бараки каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје а пожарот ги зафати сите бараки.