Во Кремљ не се оптимисти, но нема да дозволат развлекување на преговорите со САД

Кремљ во вторникот објави дека нема причини за оптимизам по првиот круг преговори САД за руските барања за безбедносен правно обврзувачки договор за неширењето на НАТО кон границите на Русија во кои Вашингтон ја внесува и украинската криза.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, меѓутоа на брифингот со новинарите акредитирани во Москва, додаде дека е позитивно тоа што разговорите во понбеделникот во Женева се одржани на „отворен, содржаен и директен“ начин. Рече и дека Русија не поставува рокови, но дека нема да биде задоволна со „бесконечното одолговлекување на овој процес“.

Русија бара НАТО кој го водат САД да престанат да распоредуваат стратешко вооружување и трупи во близина на нејзините граници, како и да прифаќа во членстовото погранични поранешни советски републики, во прв ред Украина и Грузија.

Вашингтон порача дека не може да ги прифати таквите барања на Москва, иако е подготвен да се ангажира на другите аспекти од руските предлози и да преговара за распоредувањето на проектили или ограничувањата на воените маневри во Европа.

Песков во вторникот порача дека ситуацијата ќе биде појасна по новите два крига разговори на кои ќе учестува Русија оваа седмица, со НАТО во Брисел во среда и во Организајцијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена во четврток,

Русикте и американските преговарачи во Женева во брофинзите по првиот круг преговори, со своите изјави навестија дека не се намалуваат меѓусебните разлики.

„За жал, постојат големи разлиги во нашите принципиелни пристапи на темата. САД и Рисија на некој начин имаат спротиставени погледи за она што треба да се стори“, изјави рускиот преговарач заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на прес-конференцијата во понеделникот.

„Решителни сме… во одвраќањето на безбедносните предлози коишто за САД едноставно немаат шанси за успех“, изјави заменичката на американскиот државен секретар Венди Шерман.

Вашингтон бара од Москва да престане со наводното трупање војски на границата со Украина, велејќи дека „многу е можна нова руска војска“,

Рјабков повтори дека Русија воопшто нема намера да ја нападне Украина, и оти станува збор за внатрешноукраински конфликт, но оти стравува од трупањето сили на Киев на линијата на раздвојување со одметнатите доминатно руски региони на истокот. Москва, исто така, предупредува на континуираното присуство на американски и британски контингенти и воени инструктори во Украина и испораките на офанзивни оружја на Киев.