Шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано сака да го задржи Столе Димитриевски во своите редови и не води преговори за негов трансфер во Барселона, а на адреса на мадридскиот клуб за услугите на македонскиот репрезентативен голман е пристигната понуда вредна 3,5 милиони евра од саудискиот прволигаш Ал Наср.
Ова вечерва на својот Twitter профил го објави угледниот италијански новинар и добар познавач на трансфер пазарот Фабрицио Романо.
Според истиот извор, Рајо Ваљекано настојува да го задржи македонскиот голман во своите редови и засега не е постигнат договор со Ал Наср, ниту, пак, се водат преговори со Барселона.
Повеќе шпански медиуми изминатиов период објавија дека Барселона е заинтересирана да го донесе Димитриевски во своите редови во јануарскиот преоден рок.