Монструмот Драган Ѓуриќ, месар од Сурчин, во полиција го признал свирепото убиство над Тијана Јуриќ и детално на полицајците им раскажал како го убил девојчето.
Тој, како што дознава српски „Курир“, признал дека ја удрил Тијана со автомобилот, а потоа ја „пикнал“ во возилото и ја однел на некоја нива со слама, каде ги изгаснал светлата и моторот.
Во текот на возењето Тијана се освестила, а со оглед на тоа дека монструмот пред да ја внесе во возилото по сопственото признание се изјасни дека со раката ја удрил неколку пати, не повеќе од десет, како што се сеќава, Тијана немоќна и зашеметена само плачела и повторувала „Пушти ме! Полиција““
Како што убиецот наведува во својот исказ, тој и велел „Смири се. Се ќе решиме полека. Само да смислам како и каде“.
Потоа Ѓуриќ ја извлекол со двете раце од возилото, ја фатил под пазувите и потоа ја спуштил на грб на земја кај фарот на автомобилот. Тој додава дека во тој момент приметил дека на Тијана и е отечено лицето, но не знаел дали таа крвари.
„На месечината видов дека лицето и е отечено. И ги откопчав панталоните и ги соблеков заедно со гаќите. Даваше отпор и ме маваше со нозете. И ги оставив само чорапите и градникот на неа. По целото тело ја избришав со сопствената маица. Потоа ја силував и на крај ја задавив со дуксерот кој и беше околу вратот“, изјавил Ѓуриќ во полиција.
Мртвото тело на 15-годишната Тијана, осомничениот, го ставил во багажник и прво го однел во Сомбор, по што се вратил на местото на злосторството и ја оставил на земја. По неколку часа се вратил со лопата и го закопал телото на неќречната девојка на местото, каде што подоцна беше пронајдено од страна на полицијата.