Шевченко ја напушти Џенова по само 11 натпревари

Легендарниот украински фудбалер и подоцна селектор Андриј Шевченки, ја напушти позицијата прв тренер на италијанскиот прволигаш Џенова за која настапува македонскиот ветеран Горан Пандев.

Официјално смената на тренерската позиција ја објаво моментално претпоследниот клуб на табелата на Серија А, а Шевченко од екипата се простил откако ја водеше во последните 11 натпревари. Во ноември минатата година Шевченко на тренерското место го замени Давиде Балардини.

Во Серија А Шевченко со Џенова не оствари ниедна победа – три ремија и шест порази, а единствено го водеше тимот до победата од 1:0 над Салернитана во Купот на Италија. Куп натпревар беше и последниот на ова работно место за Украинецот, бидејќи претходно седмицава беше поразен со 1:3 на гости кај Милан.

Како играч Шевченко пружаше големи игри и нижеше успеси во дресовите на киевски Динамо, Милан и Челзи, а како играч на „Росонерите“ во два наврата впиша 324 настапи во Серија А во кои постигна 175 погодоци.