ФОТО и ВИДЕО| Сонцето ги измами скопјани на Водно, редици пред жичницата

Сончевото време во неделата претпладнето ги измами скопјани масовно на момент да избегаат на падините на Водно во обидот да го искористат убавото време и да почистат свеж воздух.

Но очигледно веќе капацитетите на скопската жичница се мали за да ја задоволат желбата на сѐ побројните жители на главниот град кои сѐ почесто секој слободен момент го користат да избегаат од градската мешаница и бука. Така, во неделата па и со часови се чекаше редот за кабина која од Средно Водно води до Милениумскиот крст.