ИОК може да ги промени правилата за прием на Олимпијадата на спортисти кои прележале коронавирус

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) работи на можноста за промена на антиепидемиските правила за спортистите кои неодамна закрепнала од коронавирусот да можат да учествуваат на Игрите во Пекинг.

– Разговараме со група медицински експерти за можноста за намалување на интервалот помеѓу тестовите и заминувањето на Игрите. Со тоа ќе се зголеми бројот на учесници на натпреварите. Сите такви ситуации ќе се разгледуваат посебно за да може ИОК и Организациониот комитет Пекинг 2022 да најдат компромис и да направат сЕ што е можно за да дозволат такви спортисти. Но, безбедноста сепак е на прво место за нас, соопштено е на официјалниот сајт на ИОК.

Олимпијадата во Пекинг ќе се одржи од 4 до 20 февруари. Ќе се доделат 109 комплети медали во 15 дисциплини.