Најмалку 17 луѓе загинале а 59 други се рането во експлозијата во четвртокот ноќта во западна Гана, којашто била толку моќна што уништила цело село во близина на градот Богосо, соопштија во петокот локалните власти.
Силната детонација, која зад себе оставила голем кратер, следела откако камион полн со експлозиви се судрил со моторот и уште едно возило во непосредна близина на трансформатор во местото Апиату, недалеку од Богасо, објаснил министерот за информации Којо Опонг Нкрумах.
Градот Богосо се наоѓа на 300 километри од Акгра, главниот град на западноафриканската земја богата со минерали. Експлозивот од камионот бил наменет за користење во рударската индустрија, којашто во оваа област е посебно насочена на златото.
На службата за спасување на местото на несреќата ѝ се придружиле и припадници на цивилната заштита, полицијата и војската. Цивилната заштита наведува дека во кесплозиите се уништени околу 500 куќи, од кои некои изгореле до темелите, а функционери и очевидците зборуваат за „црна четврток“. За локалното население на кое му е потребна помош ќе им бидат пружени засолништа во училишните згради и црквите.