
Студено утро имаме во Македонија.
Најстудено е во Маврово каде се измерени -16 степени. Во Битола и Берово утринава минималната температура е -14 степени, во Крушево -13, во Крива Паланка -12, во Тетово и Дебар -11, во Прилеп, Охрид и Претор -10, Штип -9, Струмица и Демир Капија -8, Скопје -7, Куманово -6 и во Дојран -3 степени.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито.
Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Температурите ќе бидат од -4 до 4 степени.
Поларен студ го зафати и регионот.