
Пејачот Здравко Чолиќ гради куќа на Златибор.
Како што пренесуваат балканските медиуми, тој купил плац на популарната српска планина и решил да изгради вила од 300 метри квадратни, каде ќе ги мине пензионерските денови.
Архитектонскиот план бил направен пред неколку дена, а наскоро треба да започне изградбата.
Целата внатрешност на куќата ќе биде модерно опремена, додека надворешноста ќе се вклопи во амбиентот.