Един Џеко му донесе победа на Интер

Интер стигна до многу тешки три бода на домашен терен против Венеција, но најзаслужен за тоа е напаѓачот кој изминатово лето беше доведен како замена за Ромелу Лукаку.

Иако имаше и такви кои беа скептични околу ангажманот на 35-годишниот Един Џеко, Босанецот покажува дека годините не претставуваат никаков проблем за него, а тоа го видовме на дело и вечерва во 90-та минута.

Венеција го изненади фаворитот со голот на Анри во првото полувреме и поведе со 0:1, но на крајот успеа да се врати и да направи пресврт во самата завршница.

Барела израмни на 1:1 во 40-та минута, а потоа мрежите мируваа до 90-та, кога Един Џеко беше највисок во скокот и извонредно биеше со глава по центаршутот на Дамфрис.

Босанскиот „дијамант“ блесна во вистински момент и му донесе многу важна победа на својот тим, кој сега отиде на плус пет пред Милан кој е втор на табелата.