
Синоќа после полноќ 02,40 часот во Скопје на раскрсницата од ул.„Ферид Бајрам“ и ул.„Рокомија“, петнаесетгодишно момче од Скопје, било физички нападнато од неколку млади лица, кои удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото му нанеле телесни повреди.
Според пријавителот, односно таткото на оштетениот, физичкиот напад бил етнички мотивиран.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.