Еден британски државјанин е убиен а негов сонародник е ранет во напд во градот Кончанабури на запдот на Тајланд, пренесува во неделата весникот Bangkok Post.
Инцидентот се случил во неделата. Загинатот 49-годишен маж бил поронајден со убодни рани во пределот на вратот. Неговиот 55-годишен сонародник преживеал, но бил сериозно ранет и пренесен во билница, се наведува во информацијата.
Според полиаицијата, двајцата Британци доцна во ноќта слушале гласна музија и консумирале алкохол. Им пришол маж и ги нападнал, а потоа избегал од местот на настанот.
На местото на настанот биле пронајдени срп и чифт чевли за кои се верува дека му припаѓаат на напаѓачот, соопшти полицијата. Додава дека двајцата Британци доцна во ноќта пред нападот пиеле пиво пред куќата и пуштале гласна музика. Полицијата верува дека напаѓачот можеби бил вознемирен од вревата.
Полицијата привела 23-годишен осомничен за смртоносниот напад, кој се сокрил кај роднина, во близина на куќата во којашто се случил нападот. Тој наводно имал психичко растројство. Осомничениот бил нападнат од гневните жители по прободувањето и моментално се наоѓа на болничка нега.