
Западните земји подготвуваат неколку големи провокации во врска со ситуацијата околу Украина, а Москва не исклучува дека тие може да бидат информативни или воени, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова во неделата вечерта во гостувањето на телевизискиот канал Россия 1.
„Во тек се подоготовки, веројатно, за цела низа големи провокации. За тоа се подготвува јавното мнение. За колективниот Запад, за НАТО, за англосаксонците, исклучително е важно да се создаде такво информативно поле, без него тие не можат да дејствуваат. За тоа созадена е цела серија такви информации, тоа се дезинформации, лажни вести и манипулации преку медиумите“, рече Захарова.
Како последен пример за тоа го посочи соопштението без да се изнесе никаков доказ на Лондон дека наводно руските тајни служби планираат да инсталираат „проруски лидер“ во Киев, поранешниот украински парламентарец Евгениј Мураев, материјал кој однапред бил фабрикуван.
„Се чини дека можело да биде објавена уште во саботата претпладнето, но тие избраа време коешто според нивна процена било погодно, во 1,30 часот ноќта по московски време. Очигледно сметале дека нема да одговориме и однапред го испратиле материјалот за медиумите со ембарго за објавување до 1,30 часот“, посочи портпаролката на руската дипломатија.
Захарова ваквата активност ја опиша како „информативна агресија“ и смета дека ќе следат и други слични активности против Русија.
„Зошто го прават ова, поради што го прават ова? Не исклучуваме натамошни големи информативни манипулации и провокации. Не исклучуваме воени провокации, меѓу другото“, додаде таа.
Захарова истакна дека за созадавање на неопходната информативна атмосфера за активностите на Западот веќе се направени бројни објави не на „прекриено“ ниво на социјалните мрежи, туку преку традиционалните медиуми.
„Потсетете се на статијата во весникот The New York Times за наводната евакуација на руската амбасада во Украина, спомнете си дека имаше материјал на агенцијата Bloomberg (дека кинескиот претседател наводно побарал од рускиот челник Русија да не ја напаѓа Украина во текот на Зимската олимпијада во Пекинг од 5-ти до 20-ти февраури), што беше демантирано и од кинеската и од руската дипломатија“, рече допломатката.
„Инвазијата, државните преврати, односно линијата постојано се проширува за бескрајно темата да се одржува на површината“, иронизираше Захарова.