Украина ја доби и втората пратка американско оружје во два дена

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во неделата вечерта објави дека во земјата пристигнала втората пратка оружје од САД како дел од воената помош во вредност од 200 милиони долари.

САД порачаа дека ќе продолжат да ја вооружуваат Украина поради загриженоста на Киев и Западот кој ги поддржува тамошните власти, за наводните десетици илјади руски војници распоредени во близина на украинската граница. Русија отфрла дека планира напад, но предупредува дека Западот последната година во зголемил значителни военото присуство во соседната земја, вклучително и со големи испораки на офанзивни оружја.

„Втората птица во Киев! Повеќе од 80 тони оружје да ги зајакне украинските одбранбени способности од нашите пријатели од САД! И ова не е крај!“, напиша Резников на Twitter.

Околу 90 тони „смртоносна безбедносна помош“, вклучително и муницијата, од пакетот кој го одобрија САД во декември, пристигнаа во украинската престолнина во саботата.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во петокот во твит порача дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидената“ дипломатска и воена помош.

Според американската амбасада во Киев, само минатата година САД ѝ испорачале воеан помош на Украина во износ од над 650 милиони долари. А од 2014 година кога со мартовскиот преврат беше соборена поруската власт, Киев добил воена помош во вкупна износ од 2,7 милијарди доалри. Амбасадата ја истакна и подготвеноста на америакнската страна „да ѝ испорача на Украина многу повеќе“.