
Во Домот на Армијата денеска ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на најголемата музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески.
Крводарителската акција ја реализираат Црвениот крст на Град Скопје и Општинската организација на Црвениот крст во Гази Баба во соработка со ИТМ.
– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатливо обележје на нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 000 единици крв, велат организаторите.
Акцијата ќе се реализира од 9 до 17 часот, а организаторите најавуваат дека таа ќе се спроведе согласно пропишаните мерки и протоколи за заштита од ковид-19.