Во саботата беше инаугуриран за втор мандат, а денеска премиерот на Македонија Димитар Ковачевски ќе биде прв гостин кој бугарскиот претседател Румен Радев.
Од двете страни засега не се откриваат темите на кои ќе се разговара.
Оваа средба не беше дел од официјалната програма која беше испратена од Владата на РСМ.
За време на заклетвата пред пратениците, бугарскиот претседател во средата рече дека повеќекратниот пристап кој беше предложен од Владата на Бугарија има потенцијал да го ревитализира дијалогот меѓу Софија и Скопје, градејќи доверба.
„Сакам да бидам правилно разбран. Јас сум меѓу политичарите кои сакаат Република Северна Македонија побрзо да стане членка на Европската Унија. Затоа мора да им помогнеме на нашите браќа побрзо да ги надминат идеологиите од тоталитарното минато и да ги исполнат критериумите за членство. Како одговорна членка на Европската унија, Бугарија мора да интегрира партнери, а не проблеми. Ќе го потврдам мојот став како претседател на сите Бугари дека рамноправноста на македонските Бугари, од кои многумина се бугарски државјани, мора да биде загарантирана со нивно вклучување во уставот на земјата на еднаква основа со другите делови на нацијата“, рече во говорот бугарскиот претседател Радев пред пратениците за време на заклетвата.
Претходно во текот на денот во тек е заедничката владина седница, на која треба да бидат донесени неколку заклучоци и ќе бидат потпишани билатерални документи, по што двајцата премиери во 11 часот по македонско време ќе одржат заедничка прес конференција.
Посетата на Владата на Македонија во Бугарија завршува со заедничка фотографија во резиденцијата „Бојана“.