
Според најавите на италијански „Скај Спорт“ и „гуруто за трансфери“ Фабрицио Романо, во следните неколку дена ќе се официјализира трансферот од кој Фиорентина ќе добие 67 милиони евра во четири рати, а плус преку бонуси севкупно ќе заработи уште осум милиони евра за комплетни 75 милиони од моментно првиот калчо-бомбардер. Влаховиќ веќе се договори за седум милиони евра годишна плата и ќе потпише петгодишен договор.
Сѐ ова што е договорено меѓу Јувентус и Фиорентина сега ќе биде ставено на хартија и ќе биде потпишано за да се реализира трансферот во последнава недела од зимскиот преоден рок, со што конечно ќе се стави крај на сагата за српскта ѕвезда, за која интерес имаше скоро од цела Европа.
Јуве веќе ја испратил официјалната понуда на „Артемио Франки“ со што започна процедурата за трансферот и според најавите треба сѐ да се заврши сосе лекарските прегледи и потписот на договорот во следните 48 до 72 часа.