
Мислам дека они сакаат да ги израмнат сите теми. Вжани се политичките теми, но исто така важни се и образовните теми, меморандумите за соработка, во транспортот, во економијата итн. Они сакаат да направат релативизирање на се и тоа да го претстават дека не е ништо страшно, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
„Ако толку е добар овој договор за добрососедство со Бугарија, зошто дел од грантовите не се зголемат кон Македонија? Јас додека бев министер за транспорт ние аплициравме за огромен грант во железницата и тој се доби, но овие не го реализираат. И сега сакате да ми кажете дека сите овие договори они ќе ги исполнат? Па шест години немаат километар автопат, немаат километар железница и како сега сите тие договори, сите тие прашања ќе ги ставиме на исто кога има од една страна идентитетски многу важни работи што се во еден член и овие други договори што се за сите добри“, истакна Мисајловски.
Додаде дека апсолутно не доаѓа во предвид да се релативизираат овие две работи.