
Бугарија денеска пријави рекорден број новозаболени во еден ден од коронавирус. Официјалните податоци покажуваат дека во земјата се потврдени нови 12.399 случаи на Ковид-19.
Бугарија, во која е вакцинирано е помалку од 30 проценти од населението, бележи и 73 смртни случаи во изминатите 24 часа.
Околу 5.000 лица се во болница од кои 692 се наоѓаат на интензивна нега.
Вкупниот број на заболени од почеток на пандемијата во Бугарија е над 903.000, додека регистирани се вкупно 32.869 смртни случаи.