Претседателот Пендаровски ѝ даде поддршка на Марија Драгојловиќ, која беше вербално нападната

Марија Драгојловиќ среде бел ден вербално е нападната од возрасно машко лице во Младинскиот центар „Сакам да знам” на асоцијацијата ХЕРА. Напаѓачот се заканил дека ќе ги запали и Марија и Центарот.

Поддршка за Марија бидејќи никој не смее да биде предмет на дискриминација, објави претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејбук профил.

– Да реагираме бидејќи ова не смее да се случи повторно – напиша шефот на државата Пендаровски на фејсбук