
Оваа влада не би ја отворила темата за македонското малцинство, јас не би ја ни коментирал, рече бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Собранието и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.
Според него, „ОМО Илинден е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски“.
Најдоброто нешто за Бугарија е да има добрососедство, да има отворени граници, Р Македонија да биде демократска земја, да се ослободи од корупцијата и да има пристап до фондовите на ЕУ и Бугарите да бидат заштитени таму. Ова е долгорочната стратегија за која се бориме, но се согласувам – тоа не треба да се прави со игнорирање на бугарските интереси – рече Петков.