![aleksandar-dzambazov-glavna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/aleksandar-dzambazov-glavna-1.jpg?resize=696%2C416&ssl=1)
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска најави дека улица во Скопје ќе биде именувана по маестро Александар Џамбазов, легендарниот композитор и диригент и втемелувач на македонската детска и популарна музика кој почина на 25 јануари на 85 години.
После комеморацијата за маестро Џамбазов која се одржа во Македонска опера и балет, Арсовска најави дека ќе иницира со одлука улица во Град Скопје да го носи неговото име како заслужен граѓанин и истакната личност.
„Денеска го испраќаме во вечното почивалиште со неизмерна почит, маестро Александар Џамбазов, основоположник на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите детски музички фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“. Човек кој четири децении создаваше непроценливо творештво за македонската музика“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.