
Кина во петокот објави дека на рударските компании од почетокот на годианта им овозможува вадење значително поголеми количества на ретките минерали во рамките на годишните квоти, отколку на почетокот од минатата 2021 година.
Во првиот циклус на компаниите ќе им биде одобрено вадење на 100.800 тони ретки минерали, за петтина повече отколку на почетокот од претходната година.
Кинеското министерство за индустрија и информатички технологии и министерството за природни ресурси одредиле и квота за топење и издвојување на ретките минерали од 97.200 тони, што е исто така е за 20 отсто повеќе отколку во истиот минатогодушен период.
Кина ќе биде респоредени меѓу четирите водечки рударски компании. Кина, инаку, е доминантен светски произведувач на ретки минерали, групата од 17 минерали коишто се користат во електричните возила, потрошувачката електроника и на воената опрема.