
Посебниот договор за соработка во економија на Македонија и Бугарија, е за да се прикаже дека нешто се работи и да се тргне вниманието на јавноста од темите кои што се главни. Да се дефокусира вниманието и јавноста да заборави и да се преговараат позади во сенка, позади сцена надвор од нашите очи, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5 потенцирајќи дека Бугарија не се повлече од Декларацијата дека централни прашања се македонскиот идентитет, јазик и историја, а ниту министерот за надворешни рабори Бујар Османи не негира дека за тоа нема да се разговара.
„Османи не рече дека нема да се разговара, туку дека не се разговара. Тоа е отворено за понатаму. Второ, битно е и што бугарската страна кажува, а тие не го затворија прашањето ниту со идентитетот, ниту со јазикот. Значи сами по себе идентитетот и јазикот не се спорни, туку ни го спорат времето од кога почнуваат, за нив е кога е кодифициран јазикот 1945 година, за нас е неопределено време кое е најмалку во 15,6 век во историјата, рече Латас.
Истакна дека се поставува прашањето дека штом поранешниот шеф на дипломатијата и вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, кој повеќе од другите го познава Османи рече дека не му верува, тогаш зошто да му верува јавноста!?
„Што значи и денеска брифингот и претходните денови беше замајување на јавност со општи работи кои се случуваат и со договор и без договор, ако сака македонска фирма да соработува со бугарска тоа може да го прави и без меморандумите на владата. Османи кажа скоро ништо. Кажа дека ќе прават железница, дека ќе се отвора авиолинија, дека ќе има економска соработка. Сепак Бугарија е пазар од 7 милиони луѓе со кои ние можеме да се разбереме и треба да се искористи на таков план, но што досега ги спречуваше Македонија и Бугарија за да соработуваат економски? Зошто е потребен посебен договор, посебен план, кога Македонија економски соработува и со Србија, Албанија, Грција“, изјави Павловиќ Латас.
Нагласи дека Бугарија има на хартија Декларација дека се централни прашања историјата и јазикот и идентитетот и тие до ден денешен не го повлекоа, што значи дека останува актуелно.