Русија забрани влез во земјата за уште неколку европски челници

Русија во петокот им го забрани влегувањето на нејзина територија на уште неколку челници на Европската унија, соопшти министерството за надворешни работи додавајќи дека таквото решение е одговор на „апсурдната поликата не еднострани рестрикции“ од страна на Брисел.

Русија, меѓутоа, јавно не открива за колкав број политичари и функционери на ЕУ станува збор, ниту јавно го објави нивните имиња. Вообичаено, таквото известување министерството за надворешни работи тоа го прави преку дипломатски канали,..

„Руската страна реши да ја прошири реципрочната листа на претставници од членките на ЕУ и инструкциите на коишто им е забранет влезот во Руија“, објави руската дипломатија на интернет страниците на министерството.

Во соопштението се наведува дека Русија ја проширила „црната листа“ на некои приватни европски компаниии од ЕУ, некои припадници на безбедносните службни, членови на Европскиот парламент и други функционери коишто се „лично одговорни за поттикнвуње на антириската политика“.

Европската комисија засега не го коментираше овој потег на Москва.

Нотата во којашто руското министерство за надворешни работи ја известува ЕУ за овој чекор е упатена до канцеларијата на Унијата во Москва во согласност со редовната процедура.