3.8 C
Skopje
сабота, декември 21, 2024

Ако имате пониска температура на парното ќе добивате пониска сметка

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачите кај кои е констатирано со решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија треба да добијат пониски сметки.

-Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се коригира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана. Да заклучам, ако во јануари кај дел од потрошувачите каде што е констатирана неквалитетна испорака на топлинска енергија со решение, по извршена контрола од страна на комисија – снабдувачот треба да им фактурира помала сметка. Регулаторната комисија за енергетика побара од Скопје Север при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат во предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија. Дополнително бараме да се прошири надлежноста на државниот инспекторат за техничка инспекција и освен комисија од снабдувачот што го контролира квалитетот на испораката на топлинска енергија, на терен да излегуваат и инспектори кои ќе ја мерат температурата дали отстапува од пропишаната. Снабдувачот не смее да наплати ни еден киловат час што не го испорачал, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во прилог табеларен норматив за корекција на варијабилниот дел од надоместок за топлинска енергија во колективен станбен објект кога измерените внатрешни температури се пониски од 20 оС.